Apple повторно вреди 3 трилиони долари

- Advertisement -

Пазарната вредност на Apple во вторникот повторно се искачи на 3 трилиони долари, откако вредноста на акциите скокна за 2%. Аррle ја достигнува оваа вредност по прв пат откако во август годинава вредноста на акциите се зголеми на 193,42 долари.

Вредноста на Apple по прв пат официјално достигна 3 трилиони долари во јуни 2022 година и краток период во декември истата година. Во јули годинава, пак, акците на Apple достигнаа рекордна вредност и компанијата останува највредната јавно котирана американска компанија.

- Advertisement -

Ова е потврда за издржливоста на компанијата дури и кога постојано се продаваат нејзините акции. Инвеститорите го гледаат Apple како тврдина со огромни приходи, глобално популарни производи и силна програма за поврат на инвестиции, дури и во период кога компанијата се бори со кинеските конкуренти и забавениот раст.

(CNBC)

- Advertisement -

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -