Според оценките на компанијата AirHelp, најквалитетни три аеродроми во светот се меѓународниот аеродром во Мускат, Оман, аеродромот во Ресифе во Бразил и Resifeu и аеродромот во Кејптаун, Јожноафриканска Република. Меѓу првите топ 10 аеродроми има дури четири од Бразил и три од Јапонија.
Најдобро рангиран европски аеродром е аеродромот во шпанскиот град Билбао, но дури на 21. место, а зад него се меѓународниот аеродром во Хелсинки на 26. место и аеродромот „Лех Валенса“ во Гдањск на 28. место. Најголемиот европски аеродром, аеродромот во Франкфурт, се пласираше дури на 175. место.
Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се пласираше на 190. место од 194 на годинашната ранг листа со најдобри аеродроми во светот, кои на основа на истражување го составува компанијата AirHelp.
AirHelp е компанија која ги застапува правата на патниците во случај на големо доцнење или откажување летови и им обезбедува рефундација. Затоа, како што наведуваат, во рангирањето најголема тежина (80%) имала статистиката за точноста на летовите. Со 20% оценката била мислење на самите патници. За таа цел од 15.800 луѓе во 58 земји одговарале што мислат за персоналот на некој аеродром, за времето на чекање, за пристапноста и за чистотата.
Уште 20% од оценката биле формирани врз основа на можноста за купување и угостителски објекти. И за тоа патниците биле замолени да ги оценат продавниците на аеродромите и рестораните.
На крајните места, на 187. позиција, е аеродромот во Софија, а зад белградскиот аеродром на 191. и 192. место се аеродромот во Лисабон и Гетвик. На последните две места е меѓународнтие аеродроми на Малта и во Банџармасин во Индонезија.
(Beta)
(фото: Flickr)