Оваа недела се одржа и последниот модул од тренинг програмата „Управување со човечки капитал[EJ2] “. На предавањата учество земаа 23 учесници: менаџери на сектори, менаџери на човечки ресурси и сопственици на компании кои во своето работење се соочуваат со предизвикот на привлекување, развој и задржување на вработени. Шестте модули се одвиваа во хотел Парк. Предавачите Дејан Ваневски и Поликарп Арсеновски од Тривити, енергично и несебично го споделија своето знаење со останатите присутни.
„Предавањата беа со посебна убава енергија, учесниците внимателно и ангажирано беа вклучени во активностите, мотивирани и инспирирани своето добиено знаење да го пренесат во своите организации, каде ќе целат кон подобрување на процесот на регрутација, ангажираност на вработените и управување со перформансите, планирање и развој на таленти и идни лидери, организациска култура, системот на плати, бенефиции и генерално, кон подобрување на управувањето со човечки капитал.“ – изјави Поликарп Арсеновски.
Особено сме задоволни што и мерењето на задоволството на приустните преку анкетниот прашалник е одлично. Сите 23 учесници, тренинг обуката ја имаат оценето со највисока оцена, а како најкорисни од сите предавања се издвојуваат практичните примери кои предавачите ги споделија.
Сите учесници имаа можност и за меѓусебно запознавање и поврзување за размена на искуства во нивните организации. Истите се стекнаа со сертификати за успешно завршена обука.
Дополнително, на последниот настан, содржината беше збогатена и со средба за вмрежување, каде беа поканети и лицата кои се учесници на бесплатната тренинг програма Кариерен развој, која како паралелна активност ја спроведува Тривити, за вработени и невработени лица, кои се во потрага по прва работа, ново работно место или развој на кариерата.
Во неформална атмосфера своите отворени работни позиции и идни планови за вработување ги претставија компаниите: Неоком, ИТ Лабс, Македонска асоцијација за човечки ресурси, Бучен Козјак, Катлановска бања, Ад Вербум, Галоп ДВ, Luthman Backlund Foods Production LLC, Адвокатско друштво Апостолска, Александровски и Партнери, АЛБО, Екстрабис, Хаселт, Акцент, Вивакс, Микеи Интернационал, Норлига, Јаболчело, Бета Консалтинг.
„Успехот на програмата е доказ за нашата непоколеблива посветеност за подобрување на растот и развојот на организациите, како и управувањето со човечкиот капитал. Позитивните повратни информации, трансформативните успешни приказни и препознатливоста во индустријата служат како мотивација за постојано усовршување и проширување на нашите понуди“ – вели Дејан Ваневски.
Додека ги славиме овие достигнувања, остануваме посветени на развивање на нашите програми за да ги задоволиме динамичните потреби на поединците и компаниите. Тривити е посветена да биде катализатор за позитивни промени, инспирирајќи ги поединците и организациите да напредуваат на пазарите кои постојано се развиваат.
Ја изразуваме нашата благодарност до сите учесници, партнери и гости кои придонесоа за успехот на тренингот. Нивната доверба и поддршка беа клучни во нашиот пат кон трансформирање на условите на пазарот на труд.
Оваа активност е ко-финансирана од Владата на Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Тривити.