ЕУ постигна историски договор за вештачка интелигенција

- Advertisement -

После маратонскатадискусија, која траеше 72 часа, преговарачите на Парламентот и Собранието на ЕУ постигнаа привремен договор за Законот за вештачка интелигенција (AI Act). Оваа уредба има за цел да осигура дека основните права, демократијата, правата на сопственсот и одржливоста на околината се заштитени од високоризичната вештачка интелигенција, истовремено поттикнувајќи иновации и правејќи ја Европа лидер на тоа поле. Правилата утврдуваат обврски за вештачката интелигенција врз основа на нејзините потенцијални ризици и нивото на влијание.

Со оглед на потенцијалната закана по правата на граѓаните и демократијата, кои претставувааѕ одредени примени на вештачката интелигенција, законодавците се сложија да забранат:

- Advertisement -
  • системи за биометриска категоризација кои користат осетливи карактеристики. На пример: политички, верски, филозофски уверувања, сексуална ориентација, раса)
  • нетаргетирано симнување фотографии од интернет или CCTV снимки поради создавање база на податоци за препознавање лице
  • препознавање емоции на работно место и во образовни институции
  • социјално бодување врз база на социјално однесување или лични карактеристики
  • AI системи ои манипулираат со човечкото однесување за да се заобиколи нивната слободна волја
  • Користење вештачка интелигенција за искористување на ранливоста на луѓето (поради нивната возраст, инвалидитет, социјална или економска ситуација)

Преговарачите се сложиле за заштитните мерки и малите исклучоци за користење биометриски идентификациски системи во јавно достапни простори со цел спроведување на законот, подложно на претходно судско одобрение и з строго дефинирани списоци со злостосртва.

За системи на вештачка интелигенција класифицирани како високоризични (порди значајна потенцијална штета по здравјето, безбедноста, основните правила, околината, демократијата и правата на сопственост) договорени се јасни обврски. Застапниците во Европскиот парламент успеаја меѓу другите барања да вклучат и задолжителна проценка на влијанието врз основните права, применливи и на секторот обезбедува и банкарство.

- Advertisement -

Системите кои влијаат на изборите и на гласачите исто така се класифицирани како високоризични. Граѓаните ќе имаат право да поднесат обвиненија за системите со вештачка интелигенција и да добијат објаснение за одлуките кои се базираат на високоризични системи со вештачка интелигенција кои влијаат на нивните права.

За да се земе предвид широкиот распон на задачи кои можат да ги вршат AI системите и брзото ширење на нивните можности, договорено е AI системите за општа намена и моделите на кои се базираат да мора да се придржуваат на барањата за транспарентност кои првично ги предложи Парламентот. Тоа вклучува изработка на техничка документација, усогласување со законот на ЕУ за авторски права и ширење детали за содржините кои се користат за обуката.

- Advertisement -

Непочитувањето на правилата може да резултира со казна од 35 милиони евра или 7% од вкупниот промет до 7,5 милиони евра или 1,5% од прометот, во зависност од прекршокот и од големината на компанијата.

Договорениот текст сега ќе мора официјално да се усвои во Парламентот и во Собранието за да стане закон на ЕУ.

(Vidi.hr)

(фото: Wallpaper Flare)

Сподели!
- Advertisement -