МАНУ доби нова опрема за генетско испитување, резултатите готови за еден ден

- Advertisement -

Денеска во МАНУ беше презентирана нова апаратура за генетско испитување, а беа промовирани и резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.
На настанот присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Ковачевски рече дека набавката на новата опрема за потребите на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов“ е помогната со буџетска поддршка од над 580 илјади евра.

- Advertisement -

Опремата е во функција и на едукативната дејност во рамките на постдипломските студии, специјализации и докторски студии од областа на молекуларната биологија и генетското инженерство.

Она што сакам да го истакнам овде, е дека ги препознаваме вредностите на оваа наша врвна научна установа и сите наши научни институции и затоа преземаме конкретни чекори за финансиска поддршка за нивен развој. Јас, заедно со министрите и со почитуваниот академик имавме можност да се запознаеме и со научните соработници кои работат со оваа нова опрема и коишто анализите кои ги прават се на истоветно ниво, врвно светско ниво како кога би се правеле во Германија, Франција, Италија или која било друга развиена држава. Затоа, тие заслужуваат едно највисоко ниво на почит од државата, а особено од оние на кои им имаат помогнато во текот на здравствени предизвици кои ги имале во своите животи“, рече Ковачевски.

- Advertisement -

Истражувачкиот центар на МАНУ е најголемата и најзначајната институција во државата во полето на молекуларната генетика што има стекнато широка меѓународна препознатливост, рече министерот за здравство Меџити.

Оваа институција заедно со нејзините еминентни експерти, со помош на оваа нова опрема, значително ќе ја зајакне работата и ќе допринесе за огромен напредок во работењето на МАНУ. Сега со помош на најмодерната и најсофистицирана опрема, резултатите од направените истражувања ќе бидат готови за еден ден со што значително се подигнува квалитетот на работата на Академијата“, истакна министерот Меџити.

- Advertisement -

Од голема важност за пациентите, според него, е и можноста за дијагноза со секвенционирање на гени на наследни и малигни болести, меѓу кои и ретки болести во лабораторијата на МАНУ.

Академијата за здравствениот сектор придонесува и помага во рана детекција на болестите, што за лекарите значи можност за побрза реакција во поглед на методите на лекување, додаде министерот за здравство.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -