Научници открија нов трик за ефикасно будење после непроспана ноќ

- Advertisement -

Според неодемнешно истражување на Универзитетот Порстсмут, малку вежби може да бидат многу ефикасни за да исчезне поспаноста и дремењето после бессона ноќ. Новата студија навлегува во поврзаноста меѓу вежбите, недостигот на сон и когнитивните функции.

Универзитетот спровел два експерименти со по 12 учесници и истражувањето ги проценува когнитивните перформанси после три ноќи делумно лишување од сон и една ноќ целосно лишување од сон. На изненадување на истражувачите, 20 минуто вежбање во затворена просторија на велосипед ја зголемило функцијата на мозокот во сите услови и ја довело во прашање претпоставката дека зголеменото сабдување на мозокот со кислород е еден од условите за подобри когнитивни функции.

- Advertisement -

Физиологот Џо Костело ја потенцира уникатноста на оваа студија. Ова е првата студија која сугерира дека вежбите исто така ги подобруваат когнитивните перформанси после целосно или делумно лишување од сон и во комбинација со хипоксија.

Додека врската меѓу вежбањето и когнитивните способности е воспоставена, новото истражување воведува една вредна нијанса : нагласува дека факторите надвор од снабдувањето со кислород, како што се хормоните кои го регулираат мозокот, поголема возбуда или мотивација, може да придонесе за подобри когнитивни спсобности.

- Advertisement -

Физиологот Томас Вилијамс го истакнува поширокиот контекст и напоменува дека недостигот на сон често се случува заедно со други стресори, како што се промените на надморската височина при патување.

Отприлика 43% од луѓето не спијат 7-9 часа ноќе, што претставува ризик за менталното и физичкото здравје. Студијата покажа дека можноста за брзо ресетирање и сузбивање на овие негативни ефекти и нагласува дека движењето е лек за црниот дрог и за мозокот.

- Advertisement -

Иако се потребни подлабински истражувања, оваа студија е објавена во списанието Physiology & Behavior и дава драгоцени увиди во сложениот однос меѓу вежбањето, сонот и когнитивните способности.

(Science Alert)

Сподели!
- Advertisement -