Научници вежбаат вонземска комуникација со китови

- Advertisement -

Тим од научници од Институтот SETI, Универзитетот Дејвис од Калифорнија и Здружението за китови Алјаска имаа блиска средба со нечовечка интелигенција. Тимот Whale-SETI проучува комуникциски системи со грбави китови со цел да раз вие филтри за интелигенција за потрага по вонземски живот.

Како одговор на снимениот повик испратен во море преку подводен звучник, китот наречен Твејн пришол и кружел околу бројот на тимот додека одговарал на поздравниот сигнал. Во текот на 20 минути размена Твејн одговорил на секој повик и ги усогласил варијациите на интервалот меѓу секој сигнал.

- Advertisement -

Веруваме дека ова е првата таква комуникациска размена меѓу луѓе и грбави китови на „јазикот“ на грбавите китови, вели главната авторка на студијата, д-р Бренда Меккауан. Грбавите китови се многу интелигентни, имаат сложени општествени системи, прават алатки – мрежа од меури за лов на риби и постојано комуницираат преку песни и повикувае, вели коавторот Фред Шарп од Alaska Whale Foundation.

„Поради моменталните ограничувања на технологијата, важна претпоставка за потрагата по вонземска интелигенција е дека вонземјаните ќе бидат заинтересирани за воспоставување контакт и така ќе ги таргетираат луѓето како приматели. Оваа битна претпоставка е во прилог на однесувањето на китовите“ вели д-р Лоренс Дојл, коавтор од Институтот SETI.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во списанието Peer J.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -