Создаден првиот хибриден биокомпјутер од човечки мозок и компјутер

- Advertisement -

Додека многумина се плашат во кој правец ќе се развива вештачката интелигенција, група научници од САд направи хибриден биокомпјутер кој е комбинација од човечки мозок и компјутрерски делови. Во превод, тоа значи дека успеале да направат компјутер кој ја користи и моќта на мозокот и моќта на класичните компјутери.

Својот успех го опишаа во научниот труд објавен во списанието Nature Electronics, во кој истакнуваат дека оваа технологија еден ден ќе може да се интегрира во системите со вептачка интелигенција или да се користи како основа за подобри модели на мозок во нуронаучните истражувања.

- Advertisement -

Коавторот на студијата, Фенг Гуо, биоинженер од Универзитетот Индијана, појаснува дека системот го нарекле Brainoware. Системот вклучува мозочни органоиди, односно снопови човечки клетки кои имитираат ткиво, а инако се користат во истражувања. Органоидите се направени од матични клетки кои се претворени во неурони, слични на тие што се наоѓаат во нашиот мозок.

И вештачката интелигеција и мозокот се базираат на сигнали кои поминуваат низ мрежа од меѓусебно поврзани јасли, познати како невронска мрежа. Сакавме да провериме дали можеме да ја искористиме биолошката невронска мрежа во мозочен органоид за компјутери, појасни Гуо.

- Advertisement -

Комбинацијата од органоиди и компјутери би можела на истражувачите да им овозможи да ја искористат брзината и енергетската ефикасност на чпвечкиот мозок за вештачка интелигенција, вели Гуо. Технологијата би можела да се користи и за проучување на мозокот, за моделирање и проучување на невролошки пореметувања, како што е Ајцхајмеровата болест, но и за тестирање на ефектите на различни начини на лекување. Истражувачите се надеваат дека ваквите системи еден ден ќе можат да ги заменат животинските мозоци кои се користат при тестирања.  

(Nature)

- Advertisement -

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -