Просечниот еколошки отпечаток на плаќањето со банкноти на евро во 2019 година изнесувал 101 микробод (µPt) по жител на еврорегионот, што е еколошкиот отпечаток на возење со автомобил а растојание од 8 км, покажува студијата која ја напарави Европската централна банка.
Во студијата се мери можното влијание на околината на сите активности во целосниот циклус на евробанкнотите – од набавката на суровини, производството, дистрибуцијата и ставањето во оптек до уништувањето кое го вршат националните централни банки во еврозоната. Студијата, која се заснова на методологијата на Европската комисија за мерење на еколошкиот отпечаток на производите, е продолжение на работата започната со проценката на животниот циклус на првата серија банкноти во 2004 година.
Главниот чинител кој придонесува за еколошкиот отпечаток на банкнотите како средство за плаќање е потрошувачката на енергија поврзана со работата на банкоматите и превозот. Понатаму, следува обработката во националните централни банки, производството на хартија и проверката на автентичноста на банкнотите во продавниците. Поради долгиот век на траење на банкнотите и нивната употреба во многу трансакции, влијанието на производството на банкнотите и нивната употреба во многу плаќања е помало од влијанието на превозот и на дистрибуцијата.
Евросистемот се залага за што поголема еколошка прифатливост на евробанкнотите и широка достапност и општа прифатливост на готовината, велат од Европската централна банка. Евросистемот од 2004 година досега работи на намалување на еколошкиот отпечаток на банкнотите, на пример, со употреба на исклучиво 100% одржлив памил и забрана на депонирање на отпадните банкноти на депонии. Понатаму, производителите на банкомати и банките остварија напредок во намалувањето на еколошкиот отпечаток на своите уреди.
Новата студија покажа дека подобрената енергетска ефикасност на банкоматите резултирала со намалување на нивниот еколошки отпечаток за 35% во периодот од 2004 до 2019 година.
(Zimo)
(фото: Flickr)