Саудиска Арабија е земјата која фрла најмногу храна на светско ниво

- Advertisement -

Во светот годишно се фрлаат 1,3 милијарди тони храна, од кои дури половина фрла Саудиска Арабија. Според програмата на ОН за фрлање на храна, Саудиска Арабија е на врвот на листата со земји кои фрлаат храна и на неа отпаѓаат дури 50% од отпадот од храна во светот, пренесува индискиот канал WION.

Саудискиот министер за животна средина, вода и земјоделство, Абдул Раман бин Абдул Мосен ал Фадил, ги потврди податоците на ОН. Истовремено, Ал Фадил призна дека фрлањето храна ја чини многу неговата земја – 10,6 милијарди долари годишно.

- Advertisement -

Стапката на фрлање храна надминува 33%, изјави саудискиот министер, повикувајќи се на податоци од студијата на Националната програма за намалување на фрлањето храна.

Државната управа за општа безбедност на храната после објавувањето на извештајот во октомври минатата година стартуваше сеопфатна кампања за подигнување на свеста за одговорно трошење храна.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -