Денес во Дубаи започна Светската конференција за радиокомуникации на ITU (WRC-23), на која ќе учестуваат претставници на земји од целиот свет со цел да ја дефинираат светската дигитална трансформација.
На настанот присуствува и македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, кој го потпиша Финалниот акт за лансирање на сателит со кој и Македонија ќе добие сопствена позиција во орбитата.
„Процесот на координација за да ја добиеме оваа позиција на орбитата во фиксната и радиодифузната сателитска услуга беше долг, но на крајот УСПЕАВМЕ. Денес, и Северна Македонија има место во ОРБИТАТА. Од денес, нашата позиција во орбитата е сигурна и следниот чекор е лансирањето на Сателитот!“ – напиша Алиу на својот официјален Фејсбук профил.
Со потпишувањето на Финалниот акт конечно беше утврден начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.