Кинези тврдат дека направиле батерија за електричен автомобил која се полни за 15 минути

- Advertisement -

Кинескиот бренд за електрични возила Zeekr на производителот Geely претстави литиум-железо-фосфатна батерија, која поддржува брзо полнење. Од кинеската компанија тврдат дека батеријата за 15 минути се полни за возење до 500 км.

Во фабриката за батерии во сопственост на матичната компанија на Zeekr, Geely Holding, во провинцијата Жеџианг, соопштија дека нивната лимузина 007 ќе биде првиот модел на автомобил кој ќе биде опремен со батерии кои за 15 минути може да се наполнат доволно за возење 500 км.

- Advertisement -

Zeekr досега користеше никел-манган-кобалт батерии од најголемиот светски производител н батерии, кинески CATL, за напојување на своите модели кросовер 001 и повеќенаменските возила 009.

CATL, исто така, лансираше батерии за брзо полнење, кои ќе ги користи компанијата Li Auto во својот прв чисто електричен повеќенаменски модел на автомобил MEGA, овозможувајќи му досег од 500 км со полнење од само 12 минути.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Zeekr)

Сподели!
- Advertisement -