Најевтиното скијање повеќе не е во Бугарија

- Advertisement -


Бугарија повеќе не е најевтина скијачка дестинација за британските туристи откако таа лидерска позиција и ја презеде Италија, се вели во најновиот извештај. Италијанска Вардонеклија се најде пред бугарските скијалишта Боровец и Банско како најповолна дестинација за љубителите на зимските спортови во годишната анализа на скијалиштата, во која се оценува односот меѓу квалитетот и цената.

Анализата ја направија Post Office Travel Money и туристичката агенција Crystal Ski Holidays. Со анализата се опфатени 32 европски скијалишта, а се собрани податоци за цените на скијачките билети, изнајмувањето опрема, школите за скијање и бординг, и цените на храната и пијалаците на патеките.

- Advertisement -

Се покажа дека Бардонекија ги подгинала цените од однос на минатата сезона за само 1,4%. Боровец во истиот период ги подигнал цените за 8,2% и се најде на второ место, додека Банско ги подигнало цените за 18,1% и се најде на шесто место.

Цените паднале во 9 од 31 скијалиште кои и минатата година биле опфатени со анализата. Најмногу паднале цените во француското скијалитше Лез Аркс, за 5,5%. Најсакпо скијалите е швајцарскиот Цермат, каде што цените се дупло повисоки отколку во италијанска Бардонекија. Поевтини од Банко се и Јахорина во БиХ, Пазо Тонале во Италија и Геило во Норвешка.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -