Ова се најголемите производители на нафта во светот во 2023 година

- Advertisement -

Најголеми светски производители на нафта во 2023 година се САД, а зад нив се Саудиска Арабија, Русија, Канада и Ирак. САД сега произведуваат над 13 милиони барели нафта дневно, што е повеќе од која било друга земја низ историјата, а аналитичарите очекуваат понатамошен пораст на производството во иднина.

Судиска Арабија, која е лидер на нафтените картели OPEK и OPEK+, го зазеде второто место. Во првата половина од годинава Ријад произведувал околу 10,2 милиони барели нафта дневно, а од јули доброволно го намалил производството за милион барели дневно со цел да ги стабилизира цените на пазарот.

- Advertisement -

Русија, клучен партнер на Саудиска Арабија во картелот OPEK+, не објавува податоци податоци за производството и извозот на нафта од минатата година, но се претпоставува дека производството изнесува околу 9 милиони барели нафта дневно.

Инаку,според шефот на рускиот Фонд за директни странски инвестиции, Кирил Димитриев, Русија за 7 години заработила 30 трилиони рубљи од договорот со OPEK+ склучен во 2016 година.

- Advertisement -

Канада минатата година произвела рекордни 4,86милиони барели дневно, а налитиларите очекуваат до 2025 година произбодствпто да се зголеми за 8%до 2025 година.

(Euronews)

Сподели!
- Advertisement -