Просечниот Европеец губи по две години од животот поради загадувањето

- Advertisement -

Просечниот жител на Европа губи по две години од животот поради ефектите кои ги има загадениот воздух врз здравјето, покажува извештајот објавен во European Heart Journal. Во извештајот се проценува дека околу 800.000 луѓе во Европа умираат прерано поради загадувањето на воздухот или тоа е околу 17% од вкупно 5 милиони смртни случаи во Европа годишно.

Многу од тие смртни случаи, односно од 40% до 80% се последица на ефектите од загадувањето во воздухот и не се поврзани со респираторниот систем туку со срцеви заболувања и мозочни удари предизвикани од загадувачите кои навлегуваат во крвотокот. Хроничното изложување на поголеми колични штетни честички го пореметува функционирањето на васкуларниот систем, а тоа доведува до напукнување на срцето, висок крвен притисок и престанување на срцето со работа.

- Advertisement -

Според проценката на истражувачите, овие бројки се двапати поголеми од претходната проценка на Светската здравствена организација. За полесно да го сфатиме ова, тоа значи дека зaгадувањето на воздухот годишно убива повеќе луѓе отколку пушењето цигари. Истражувачите потенцираат дека загадениот воздух, кој е последица на согорувањето фосилни горива, брзо може да се исчисти ако почнеме да користиме чисти и обновливи извори на енергија.

Претходно беше пресметано дека загадениот воздух одзема по една година од животот на луѓето и со намалување на тоа загадување ќе се спасат исто толку животи колку што глобално ниво одземаат ракот на дојка и на бели дробови. Но, загадувањето на воздухот изминатите пет години се големи за 8%.

- Advertisement -

Во Индија има најголема концентрација на штетните честички PM2,5 на светско ниво и во земјата се наоѓаат 16 од топ 30 најзагадени градови во светот. Иако Индија е најзагадена нација, Европејците се изложени на повеќе згаадување отколку што е глобалниот просек. Таа изложеност, сепак, не е иста на целиот континент. Во Источна Европа има далеку повеќе загадување отколку во Западна поради тоа што таму повеќе се користи јагленот како извор на енергија и повеќе се согоруваат дрва и јаглен за загревање.

Сподели!
- Advertisement -