Седум познати американски компании кои банкротираа во 2023 година

- Advertisement -

Ова беше тешка година за некои познати американски малопродажни и бизнис брендови. Како што економијата излегуваше од пандемијата, компаниите се соочуваа со низа проблеми кои произлегоа од високите трошоци, недостигот на залихи и растечката конкуренција, Како резултат на тоа, некои големи компании банкротираа во 2023 година.

Банкротот не значи нужно пропаѓање на бизнисот. Многу компании во САД поднесуваат барање за банкрот за да намалат некои процеси, да се ослободат од долговите и да ги скратат трошоците. Чест пристап за банкрот е тој што на компанијата и овозможува да ги реши своите финансиски проблеми преку реорганизација.

- Advertisement -

Еве неколку компании од САд кои банкротираа годинава.

WeWork
WeWork имаше бурна година. Ова некогаш беше највреден стартап компанија во САД, која сакаше да го смени начинот на работа во Америка. Но, компанијата се соочи со проблеми и поднесе барање за банкрот минатиот месец. Тоа не беше изненадување затоа што во октомври објавија дека имаат тешкотии со враќањето на долговите откако пандемијата го раздрма нивниот основен бизнис кога се повеќе луѓе почнаа да работат од дома.

- Advertisement -

Rite Aid
После низата проблеми со кои се соочија аптеките, Rite Aid поднесе барање за банкрот по поглавјето 11, односно банктор за реорганизација, во октомври годинава. Исто како CVS и Walgreens, Rite Aid мораше да ги реши скапите тужби кои произлегоа од обвиннеијата за поднесување незаконски рецепти за опиоиди. Меѓутоа, за разлика од своите ривали, Rite Aid ја губи битката со се поголемите долгови и не може финансиски да закрепне. Rite Aid, исто така, се бори со конкуренти како Amazon, Walmart, Target и Costco.

Bed Bath & Beyond
Во долгото патување кое заврши годинава оваа компанија поднесе барање за банкрот во април. Ги затвори своите последни 360 дуќани и 120 продавници prodavnica Вuybuy BABYs.Тоа беше еден од најголемите малопродажни банкроти во последните години. Сепак, уште може да се види логото на компанијата. Имено, Overstock.com го купи брендот од стечај и создаде свој сајт BedBathandBeyond.com. Со тоа се споија онлајн бизнис моделот и категориите производи на Overstock с популарните брендирани прпоизвди на Bed, Bath & Beyond.

- Advertisement -

Tuesday Morning
Уште една продавница за производи за домаќинство која банкротираше во 2023 година е Tuesday Morning, која поднесе барање за банкрот според поглавјето 11 во февруари годинава поради огромните долгови. Тоа е втор пат во три години компанијата за поднесе барање за банкрот.

Party City
Најголемата компанија чиј фокус е производи за забава во Америка поднесе барање за банкрот во 2023 година како резултат на конкуренцијата од големите малопродажни синџири, растечките трошоци во текот на пандемијата и недостигот на хелиум. Меѓутоа, во септември годинава Party City излезе од банкрот кога судија во САД ги одобри плановите за реорганизација на оваа малопродажна компанија.

SmileDirectClub
Компанијата за ортодонција преку тлездравство се затвори во текот на овој месец, нешто помалку од три месеци откако поднесе барање за банкрот според поглавјето 11. Компанијата продаваше апарати за исправување заби.

Lordstown Motors
Производителот на електрични возила поднесе барање за заштита од банрот според поглавјето 11 во јуни годинава и се стави на продажба. Исто така, најави тужба против својот најголем акционер и поранешен партнер Foxcon, ju.

(Bizlife)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -