Хакери оваа година украле 2 милијарди американски долари во криптовалути во десетици сајбер напади и кражби, според компанијата „De.Fi“.
„Оваа сума, иако дисперзирана низ различни инциденти, ги нагласува постојаните ранливости и предизвици во ‘DeFi’ екосистемот“, посочија оттаму.
Блокчејн компанијата „TRM Labs“ претходно процени дека хакерите украле криптовалути во вредност од 1.7 милијарди долари оваа година. За прв пат од 2020 година, трендот на кражба на криптовалути е надолен, според крипто-компаниите за безбедност, пренесува ТекКранч.
Овој резултат е подобар од 2022 година, кога според податоците на компанијата „Чаинализис“, хакери украле рекордни 3,8 милијарди долари во криптовалути. Хакерите од Северна Кореја познати како „Лазарус груп“ беа „најуспешни“ минатата година, крадејќи криптовалути во вредност од 1.7 милијарди долари.
Извор – Радио МОФ
Фото – Pixabay