Јапонски истражувачи открија протеин кој може да го спречи стареењето

- Advertisement -

Нашето тело е составено од мали составни делови наречени клетки. Во клетките има уште помали делови наречени органели. Слично на тоа како нашите органи, како што се срцето и белите дробови, придонесуваат за нашето генерално здравје, органелите играат клучна улога во ефетивното и правилно функционирање на клетките.

На пример, митохондриите се моќен извор на енергија за клетките, а лизозомите ја одржуваат чистотата на клетките. Ако тие органели се оштетат, ќе се случат некои проблеми од типот на стареење, болести или пореметување на нормалната функција на клетките.

- Advertisement -

Досега е докажано дека ако клетките се под стрес, особено митохондриите и лизозомите, протеинот HKDC1 е поактивен. Друг протеин, познат под името TFEB, исто така можеби има улога во зачувувањето на функцијата и на двата типа органели. Сепак, но досега не беше идентификуван како таков.

Сега истражувачи од Универзитетот Осака открија дека TFEB таргетира посебен ген, генот HKDC1. Со споредување на гените од клетките кои се активни во посебни услови и со коростење на методот наречен хроматиснка имунопресипитација, кој може да идентификува која ДНК ја таргетираат протеините, тимот по прв пат открил дека фенот HKDC1 е директна мета на TFEB и дека HKDC1 се покачува во ислови на стрес врз митохондриите или лизозомите.

- Advertisement -

За да се заштитат митохондриите од оштетување постои процес наречен митофагија, што значи ослободување од оштетените. Постојат неколку начини да се направи тоа, а еден од попознатите методи ги вклучува протеините наречени PINK1 и Паркин.

Кога ќе се намали нивото на HKDC1 во клетките се пореметува процесот на чистење во лизозомите. Тоа е исто како да се отстранува нивната моќ за самопоправка, поради што лизозомите се соочуваат со предизвици при поправката кога ќе се оштетат.

- Advertisement -

Лизозомите и митохондриите контактираат едни со други преку протеините наречени VDACs. Посебно HKDC1 е одговорен за интеракција со VDACs. Овој протеин е суштински за контактот на митохондриите и лизозомите и оттука е суштински и за поправката на лизозомите, велат јапонските истражувачи.

Мултифункционалноста на HKDC1 има двоен ефект – го спречува стареењето на клетките и го чува структурниот интегритет на виталните органели.

Студијата е објавена во весникот Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS).

(Interesting Engineering)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -