Технолошкиот гигант Google планира реорганизација на својата единица за продажба на реклами во услови на забрзан напредок на вештачката интелигенција, објави веб-сајтот The Information.
Плановите за реструктуирање на тимовите за продажба на реклами биле споделени на компаниски состанок минатиот месец, од страна на Шон Дауни – претседател на Google за Америка и Глобални партнери.
Минатата година, компанијата отпушти околу 12.000 вработени во најголемото кратење на работни места во нејзината историја. Иако е неизвесно дали најавеното реструктуирањето на огласувачкиот оддел ќе резултира со дополнителни кратења на работни места, влијанието на вештачката интелигенција и автоматизацијата на работниот процес можат несомнено да доведат до нови отпуштања во иднина.
Google планира да ја користи вештачка интелигенција за различни задачи, вклучувајќи скенирање веб-страници, автоматско генерирање клучни зборови и создавање наслови и слики. Во мај 2023 година, Google го објави доаѓањето на новата ера на огласување со вештачка интелигенција, ветувајќи примена на природно разговорно искуство за подобрување на огласувачките кампањи и поедноставување на процесот на пребарување.
Извор – Маркетинг 365
Фото – Commons.wikimedia