Од 15 јануари двојно се зголемува товарниот тарифник за контејнерски превоз на релација од Азија до Медитеранот, се вели во соопштението што се појави вчера на веб-страницата на француската бродска групација CMA CGM. Од средината на месецот тие ќе изнесуваат 6.000 долари за контејнер од 12 метри.
Товарните тарифи до Јадранското и Црното Море ќе бидат повисоки. Како една од главните причини за зголемувањето на цената, аналитичарите ги наведуваат нападите на јеменските Хути во Црвеното Море на бродови кои пловат кон Израел или за кои Хутите веруваат дека имаат бизнис со таа земја.
Ова за Јутарњи лист го потврди Марио Павиќ, претседателот на Танкерска пловидба.
Петте најголеми бродски компании држат околу 65 отсто од капацитетот на контејнерските бродови. Затоа, многу полесно им е да влијаат на цената на превозот во ситуации како сегашната, каде 4 од 5-те најголеми компании одлучија привремено да ги прекинат патувањата низ Црвеното Море и Суецкиот канал. Добиените подолги правци од Далечниот Исток до Европа околу Кејп на добра надеж резултираат со недостаток на капацитет за контејнерски бродови и поголеми товарни компании – објасни Павиќ.
Колку со тоа ќе се зголеми точно превозот на стоката нарачана од Али експрес и слични сајтови, од кои граѓаните главно набавуваат стока од Азија, не може со сигурност да се каже, но поскапувањето е сигурно.
Извор – Кариера.мк
Фото – ccnull.de