SpaceX ги лансираше првите сателити за директно поврзување со мобилни телефони

- Advertisement -

Американската компанија SpaceX со помош на својата ракета Falcon 9 ги лансираше првите сателити кои ќе овозможат поврзување директно со мобилни телефони со Starlink констелацијата без инфраструктура на Земјата. SpaceX ја започна новата година со ова големо достигнување и лансираше вкупно 21 такви Starlink сателити од базата Ванденберг во Калифорнија и со тоа го означи почетокот на direct-to-cell (DTC) функцијата на шест сателити.

DRC функцијата ќе овозможи мобилните телефони директно да се поврзуваат од Земјата со Starlink сателити без потреба за користење на инфраструктура на Земјата. Корисниците така ќе можат да пристапат до текстуални, гласовни и податочни услуги од кое било место на планетата, дури и во оддалечени региони и региони погодени од катастрофи.

- Advertisement -

Претходно SpaceX доби дозвола од американската Федерална комисија за комуникација да спроведе пилот проект за својата мобилна услуга Starlink. Во проектот ќе се тестира користењетот на сателити за давање пристап до интернет на паметни телефони ширум САД со користење на спектарот на T-Mobile за испраќање податоци на немодифицирани мобилни телефони на Земјата преку Starlink сателити.


Комисијата му даде привремена специјална експериментална дозвола на SpaceX за период од 180 дена, односно до 14 јуни годинава. Илон Маск, основачот на SpaceX, на социјалната мрежа X соопшти дека DTC претставува масивна промена која ќе го елиминира проблемот со мртвите зони. Исто така, тој појасни дека DTC функцијата не е осмислена како конкуренција на постоечките мрежи на Земјата затоа што поддржува само околу 7 мегабити во секунда по сноп, а сноповите биле многу големи.

- Advertisement -

SpaceX соопшти дека DTC функцијата ќе им овозможи на операторите со мобилни мрежи ширум светот да дадат беспрекорен глобален пристап за испраќање пораки, повици и сурфање на интернет на копно, среде езера и крајбрежни води.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -