Почнува CES 2024: Кои трендови можеме да ги очекуваме на најголемиот технолошки саем во светот?

- Advertisement -

Дури и тие што не ја следат технолошката индустрија знаат што ја одбележа минатата година на тоа поле, а тоа беше вештачката интелигенција. AI за кратко време за многумина од апстрактен поим стана алатка која ја користат секојдневно за работа или за приватни обврски. AI денес ја има навистина секаде и не е тешко да се претпостави дека во иднина ќе имаме уште понапредни можности на таа технологија, а ќе биде имплементирана во уште поголем број уреди и сервиси.

Вештачката интелигенција ќе го одбележи и претстојниот технолошки саем Consumer Electronic Show (CES), кој ќе се одржи во Лас Вегас од денес до 12 јануари. Годинава вештачката интелигенција ќе ја има во се. Како што вели аналитичарката на CES, Марибел Лопез, ако немате вештачка интелигенција во вашите производи, не се појавувајте на саемот.

- Advertisement -

На CES, како и секоја година, ќе бидат претставени бројни производи, при што фокусот нема да биде ставен, на пример, на паметните телефони и таблетите, туку на различни уреди од категоријата потрошувачка електроника. Иако на крајот на саемот ќе дознаеме за трендовите, во пресрет на саемот ZDnet ги исдвои сите трендови кои може да доминираат на Consumer Electronic Show оваа недела.

Првиот тренд што го споменавме е вештачката интелигенција. Од ZDNet велат дека секој производ кој вклучува алгоритам, машинско учење или автоматизација се рекламира како AI производ. Сите компани ќе се обидат да го искористат тој тренд, па еме да очекуваме секакви паметни производи.

- Advertisement -

Прширената, виртуелната и мешаната реалност може да се очекува дека ќе го зголеми интересот за такви уреди поради Vision Pro Apple. Тој интерес ќе го искористат и други компании со своите VR/AR уреди. Така, на CES можеме да очекуваме нов хардвер,но и нови искуства со виртуелни светови и светови на проширена реалност.

Новите VR производи на CES само ќе го најават она што го очекуваме до крајот на годината, а освен Apple Vision Pro, тука се и VR уредите на Samsung и Google, кои исто така наскоро ги очекуваме, а нови уреди развива и Meta.

- Advertisement -

Големи телевизори. Не само што можеме да очекуваме големи телевизори со дијагонали на екран од 100 и повеќе инчи, туку новите уреди ќе донесат и бројни иновации, особено технологија за екран и приказ на слика.

Consumer Electronic Show почнува денес, а завршува во петок, на 12 јануари, и како и секоја година местото на одржување е Лас Вегас.

(Zimo)

(фото: CES)

Сподели!
- Advertisement -