Американски научници открија значајна врска меѓу развојот на крвните матични клетки и протеинските рецептори за микроби кои се викаат Nod1. Широко познати по својата улога во откривањето на бактериските инфекции и поттикнувањето на имунолошки одговор, Nod1, според студијата, играат дополнителна клучна улога во раните фази на развојот на васкуларниот систем на ембрионите.
Новата студија предлага дека Nod1 им помага на ембрионите во присилувањето на некои васкуларни ендотелни клетки да се трансформираат во крвни матични клетки. Тој увид ветува ново разбирање на ембрионалниот механизам за производство на крвни матични клетки и нивниот потенцијален развој подоцна во животот, елиминирајќи ја потребата за трансплантација на коскена срцевина. Резултатите од студијата се објавени во списанието Nature Communications.
Тоа би го елиминирало предизвикот да се најдат компатибилни донатори за коскена срцевина и компликациите кои се јавуваат после трансплантацијата. На тој начин ќе се подобри животот на многу пациенти со леукемија, лимфома и анемија, вели Ракел Еспин Палацон, генетичарка оа американскиот Државен универзитет на Ајова.
Крвните матични клетки, одговорни за создавање на сите црвени и бели крвни клетки преку хематопоеза, вообичаено потекнуваат од ендотелните клетки во аортите на ембрионите. Меѓутоа, предизвикувачите на овој процес главно се недостижни.
Не знаевме дека овој рецептор е потребен толку рано, пред крвните матични клетки воошто да настанат, вели Еспин Палацон. Научниците го идентификуваа Nod1 со анализа на податоци за човечките ембриони и го проучувале со рибата зебра, откривајќи позитивна корелацја меѓу манипулацијата на Nod1 и создавањето матични крвни клетки. Во соработка со Детската болница во Филаделфија, тимот ја демонстрирал инхибицијата на Nod1 на човечки индусицрани полипотентни матични клетки, нудејќи потенцијални увиди во регенеративна медицина.
Тоа откритие претставува надеж за развој на нови крвни матични клетки од човечките примероци, потенцијално дури и од сопствената крв на пациентите. Со тоа се заобиколуваат предизвиците поврзани со трансплантација на коскена срцевина. Еспин Палацон предвидува иднина во која нивните истражувања придонесуваат за создавање матични крвни клетки на терапевтско ниво, поплочувајќи го патот до лекување на разни болести на крвта.
(Science Alert)
(фото: Pxfuel)