Facebook конечно претстави апликација Messenger за десктоп компјутери

- Advertisement -

Она што корисниците веќе долго време го имаат на паметните телефони отсега можат да го користат и на десктоп компјутери. Имено, Facebook ја лансираше апликацијата Messenger за Windows 10 и macOS компјутери. досега корисниците кои сакаа да се допишуваат на Мessenger со пријателите мораа да го отворат Facebook во некој интернет пребарувач и таму да го отворат четот. Но, како што објаснија од Facebook, тоа повеќе нема да биде потребно затоа што Messenger сега е посебна апликација.

Дизајнирана е за големи екрани, така што оние со големи лаптопи или екрани на декстоп компјутери можат комотно да разговараат со пријателите. Новата десктоп апликација има исти опции како мобилната апликација – од темна верзија до популарните GIF-ови, но и опција за известувања за да знаете точно кој и кога ви пишува.

- Advertisement -

Исто така, Messenger за декстоп беспрекорно фунцкионира и со верзијата за паметни телефони, таблети, па нема потреба за дополнително синхронизирање на податоците. Она што на многумина сега ќе им биде интересно е и можноста за неограничени групни повици во самата апликација. Така, можете да разговарате со некој преку видео дури и ако не му ја знаете имејл адресата или бројот на телефон.

Ако сакате да ја инталирате десктоп апликацијата Messenger, можете да ја побарате на Microsoft Store за Windows 10, односно на Mac App Store за macOS, затоа што барем засега Facebook не нуди можност за директно преземање.

Сподели!
- Advertisement -