Луѓето кои се болни од дијабетес имаат проблем со неправилна работа на панкреасот. Затоа, за да ја регулираат работата на овој орган, односно нивото на инсулин во крвта, најчесто мора да користат таблети или инјекции. Но, една неодамнешна студија откри напредок во регенерацијата на клетките кои произведуваат инсулин во панкреасот.
Под водство на научниви од австралискиот Институт Бејкер за зрце и дијабетес, во студијата користеле лекови кои ги одобри американската федерална Агенција за храна и лекови, а кои г таргетираат ензимот EZH2 за стимулација на дукталните прогенитоски клетки на панкреасот.
Тие прогениторски клетки, одговорни за оболожување на каналите на панкреасот, индуцирани се да ја имитираат функцијата на β-клетките кај луѓето со дијабетес тип 1,.GSK126 и таземетостат, два инхибитори на малите молекули кои веќе се одобрени за лекување рак, биле клучни во ублажувањето на ограничувањат кои ги наметнал ензимот EZH2, овозможувајќи им на дукталните клетки да преземат функција слична на β-клетките.
Таргетирањето на EZH2 е суштинско за потенцијалот на регенерација на β-клетките, тврдат авторите на студијата, која е објавена во списанието Signal Transduction and Targeted Therapy. Репрограмирањето на дукталните клетки покажало производство и излачување на инсулин како одговор на глукозата, имитирајќи однесување слично на β-клетките.
Тој иновативен пристап се занимава со автоимуно уништување на β-клетки кај дијабетесот тип 1, каде што управувањето со инсулинот и глукозата се базира на редовни инјекции. Најбитно е дека регенерираните клетки покажале способност за сензори на глукоза, прилагодувајќи го производството на инсулин.
Тестовите, за кои користеле ткива од луѓе на возраст од 56 години без дијабетес и на 7 и 61 година со дијабетес тип 1, покажале доследни резултати. Ветува тоа што нормалното производство на инсулин продолжило во период од 48 часа после стимулацијата.
Се проценува дека околу 422 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, па овој и лековите слични на него би им го олесниле животот.Иако допрва ќе се направат клинички истражувања, ова истражување е потенцијален пат за повторно воспоставување на телесните функции кои ги загрозува дијабетесот.
(Science Alert)
(фото: Pxhere)