Отпуштањата во сите индустрии започнаа во 2020 година поради избувнувањето на пандемијата Ковид-19, а бројот на отпуштања во технологијата продолжи да се зголемува по вирусот.
Повеќето од губењето на работните места се случија во Соединетите Американски Држави, дом на технолошките гиганти како Amazon, Meta и Google.
Само во првиот квартал од 2023 година ширум светот биле отпуштени повеќе од 167 илјади вработени, што е означено како рекорд, пренесува Статиста.
Од малопродажбата до финансиите и образованието, сите сектори страдаат од ова широко распространето намалување. Сепак, најтешко се погодени технолошките стартапи за малопродажба, со скоро 29.000 отпуштања објавени од септември 2023 година.
Војната меѓу Русија и Украина, војната во Газа, падот на кинеското производство и зголемената инфлација имаа значително влијание врз технолошката индустрија и продолжуваат да бидат главна грижа за технолошките компании.
Како последица на тоа, компаниите ширум светот допрва треба да ги надминат сите економски предизвици, а за да се решат ваквите тешкотии, технолошките компании направија бизнис планови. На пример, во Соединетите Американски Држави, технолошките фирми планираа да се фокусираат повеќе на задржување на клиентите, автоматизација на софтверот и намалување на оперативните трошоци.
Извор – Seebiz.eu