Кинезите завршија со снимањето на целата површина на Марс

- Advertisement -

После повеќе од една година истражување на Марс, кинеската вселенска сонда Tianwen-1 успешно направи повеќе фотографии од површината на целата Црвена планета, објави Кинеската национална вселенска агенција.

Tianwen-1, што во превод нзачи потрага по небеската вистина, се состои од шест посебни вселенски летала: орбитер, две посебни камери, лендер, далечинска камера и роверот Zhurong.

- Advertisement -

Фотографиите од површината на Марс ги направи кинескиот орбитер кружејќи 1.344 пати околу целата планета и правејќи фотографии од сите агли. Рверот Zhurong, пак, ја истражувал површината на планетата. Од Кинеската вселенска агенција изјавија дека сондата сега ги завршила сите свои задачи, што вклучува и снимање на фотографии со средна резолуција кои ја покриваат цела планета.

Tianwen-1 беше лансирана на 23 јули 2020 година, среде глобалната пандемија на КОВИД-19. Она што е уникатно за оваа мисија е тоа што Кина се обидува да стане првата нација која успешно испратила ровер и орбитер на Марс од прв обид.

- Advertisement -

Кинеската сонда влезе во орбитата на Марс на 10 февруари 2021 година, а роверот Zhurong слета на Марс на 14 март годинава.

(Universe Today)

- Advertisement -

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -