Целосното стартување на Ruwiki, руската верзија на популарната интернет енциклопедија, треба да се случи денес, известуваат руските медиуми. Бета тестирањето, кое е ограничено тестирање на сраницата од публиката, почна на средината на минатата година, а наводно, веќе има повеќе статии на руски јазик во Ruwiki отколку во Wikipediа.
Русија изјави дека уште не планира да ја блокира Wikipediа, која е еден од ретките преживеани независни извори на информации во Русија откако државниот удар на нлајн содржините се интезивираше после инвазијата на Русија врз Украина во февруари 2022 година.
Руските судови оттогаш досега и изрекоа повеќе парични казни на оваа интерне енциклопедија поради содржини за Украина. Као што пишуваат руските медиуми, рускиот претседател, Владимир Путин, го дал своето одобрение за новата алтернативна платформа на Wikipediа во мај 2022 година.
Весникот Izvestia минатата недела објави дека најчитаните статии во текот на бета фазата од тестирањето биле листа на смртни случаи во 2023, ескалацијата на арапско-израелските судири, руската воена операција во Украина и најголемата заработка на филмови во Русија.
Просчениот корисник поминал овеќе од 6 минути на страницата, а просечно гледале по пет страници во пробната фаза.
Основачите на Ruwiki нема да откријат колку чинел овој проект, ниту кои се инвеститорите.
(Zimo)
(фото: Ruwiki)