Доктор Томас Вагнер, основач на биотехнолошката компанија Orbis Health Solutions и истражувач на канцерот, си зададе животна мисија да најде начин за лекување на оваа болест и избегнување на страѓните нуспојави. Многу традиционални третмани против рак, како што е хемотерапијата, го убиваат ракот, но ги убиваат и здравите клетки во целото тело. Тоа може да предизвика многу нуспојави, вклучувајќи и губење на косата, повраќање и ослабување на имунолошкиот систем.
Вагнер започнал своја мисија да развие лек против канцер кој ќе ја користи моќта на имунолошкиот систем, наместод а го убива. Овој третман тој го развил како вакцина, која сега се проучува веќе со децении, а секоја инјекција е целосно персонализирана за секој пациент.
Вакцината на Вагнер, наречена TLPO, е тестирана на стотици пациенти со напредни форми на меланом во втората фаза од клиничките испитувања. Нљајновите податоци престтавени на академска конференција покажаа дека речиси 95% од луѓето кои примиле само вакцина уште се живи три години после почетокот на лекувањето, пренесува ABC News.
Најчестите несакани ефекти на вакцината биле црвенило или болка на местото на убодот, треска и замор позле вакцинацијата, слично како и кај други вакцини кои стимулираат имунолошки одговор.
Клиничкото испитување во фаза 3 треба да потврди дали оваа вакцина против канцер нависстина ќе ја смени ситуацијата со лекувањето на оваа смртонисна болест, велат други експерти.
Американската агенција за храна и лекови даде зелено светло за почеток на фазата 3 од тестирањето на вакцината на Вагнер. Таа фаза ќе трае три години и ќе вклучува 500 луѓе, а планирано е да почне годинава.
(Klix.ba)
(фото: Flickr)