Преку инвестиции во иновации, континуирана едукација и креирање на проекти од интерес на компанијата и на заедницата се создаваат услови за одржлив развој според ЕСГ стандардите. ЕОС Матрикс Македонија постојано работи на имплементација и надоградување на ЕСГ стандардите во чии рамки се одвиваат сите активности во компанијата. Унапредување на бизнисот со побарувања, создавањето на одржливи пракси кои ќе овозможат успешно справување со задолжувањата на долг рок, заштита на животната средина согласно Парискиот Договор и воведување на промени кон подобро за целото општество се четирите основни области во кои делува компанијата и создава услови за одржлив развој.
Во рамките на корпоративната одговорност и развојот на заедницата базирани на дефинираните области според ЕСГ стандардите компанијата реализира низа едукативни активности наменети за различни целни публики. Финансиската едукација за ученици и рано и навремено учење на децата за одговорно однесување со парите е една од клучните области на кои е фокусирана ЕОС Групацијата, во чии рамки делува и ЕОС Матрикс Македонија.
„Одржливиот развој на компанијата и високата корпоративна одговорност е основа за сите наши активности. Работиме во деликатен сегмент на финансискиот сектор, каде одговорниот пристап е од исклучително значење и за економијата во целост. Тоа дополнително ја зајакнува потребата од работење според највисоките стандарди, сега обединети во ЕСГ платформата која гарантира, а истовремено и бара наше поголемо вклучување во едукација и јакнење на партнерствата со сите засегнати страни. Го користиме големото искуство и знаење на групацијата во сегментот на финансиската писменост на младите, кое е од исклучително знаење, и имплементираме вакви иницијативи со нашите партнери, со што веруваме дека даваме позитивен развоен придонес кон заедницата“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОС Матрикс Македонија.
Преку проектот за финансиска писменост ЕОС Групацијата вклучи 87.000 ученици во 1.400 училишта во централна Европа. Покрај тоа, низ различни активности се работи и на намалување на CO2 емисиите, а се врши и влијание на намалување на овие емисии преку креирање на соодветна индустриска политика. Во 2021 година ЕОС Групацијата го потпиша Глобалниот договор на Обединетите нации, а покрај тоа ги прифати и ги имплементира принципите на Парискиот договор за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. ЕОС Матрикс Македонија е една од 15 компании во земјата која е дел од мрежата на Глобалниот договор на ООН.
ЕОС Матрикс Македонија го имплементираше меѓународниот стандард ISO 27701:2019 и е единствена компанија во финансискиот сектор која работи согласно високите принципи на заштита што ги гарантира овој стандард. Следењето на дигиталниот отпечаток и дигиталната безбедност, станува едно од основните човекови права и добива огромно значење во современиот дигитализиран свет. Покрај тоа, дел од активностите на компанијата се насочени кон креирање на системско решение за корпоративната инсолвентност согласно последните препораки на Европската унија во оваа област, која предвидува креирање решенија што ќе овозможат реорганизација и рестартирање, наместо стечај или ликвидација на компаниите.
ЕОС Матрикс Македонија минатата година одбележа 20 години од своето делување на домашниот пазар, а е членка на „ЕОС Груп“ која делува на пазарите во 24 земји и вработува 6.000 лица ширум Европа.