Производството на електрична енергија од нуклеарните централи ќе ги собори сите рекорди во 2025 година

- Advertisement -

Ова го објави Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во најновата прогноза за трендовите на пазарот на електрична енергија.
Во прогнозата се нагласува дека многу земји се повеќе се потпираат на нуклеарната енергија за да ја обезбедат својата енергетска безбедност и во исто време да ги намалат емисиите на штетни гасови, се наведува на веб-страницата на ИЕА.
Според податоците, производството на електрична енергија од обновливи извори ќе го замени јагленот како извор на енергија на почетокот на следната година.

Глобалната побарувачка за електрична енергија порасна за 2,2 отсто во 2023 година, забавувајќи се од растот од 2,4 отсто во 2022 година.

- Advertisement -

Огромен раст на побарувачката е забележан во Кина, Индија и земјите од Југоисточна Азија, додека во многу развиени економии побарувачката за електрична енергија беше послаба поради високата инфлација и економските проблеми кои го ограничија производството.

Глобалната побарувачка за електрична енергија се очекува да порасне во просек за 3,4 отсто на годишно ниво до 2026 година.

- Advertisement -

Извор – Б92

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -