Илон Маск е посиромашен за речиси 19 милијарди долари

- Advertisement -

Бидејќи акциите на Teslа во четвртокот паднаа за 13%, еден ден откако компанијата пријави дека не работела во склад со приходите во четвртиот квартал, нето-вредноста на директорот и сопственик на компанијата, Илон Маск, се намали за околу 19 милијарди долари. Но, и покрај тоа, Маск остана најбогат човек во светот.

Акциите на Teslа паднаа за 13,2%, на 180,38 долари, а Маск изгуби 18,8 милијарди долари. Падот следуваше после извештајот за приходите во четвртиот квартал, кој не бил во склад со проценките. Приходите за тој квартал биле 25,17 милијарди долари, додека се очекувало да бидат 25,87 милијарди долари.

- Advertisement -

Според пресметките на Forbes, овој пад на богатството на Маск е поголем за 17 милијарди долари од кој било друг милијардер во светот. Маск, кој поседува околу 21% од акциите во Teslа, останува најбогата личност во светот, со проценета нето вредност од 203,6 милијарди долари. Тоа и понатаму е отприлика 20 милијарди долари повеќе од Бернар Арно од LVM.

Mask во ноември 2021 година имаше богатство од 320 милијарди долари и е првиата личност во светот која остварила таква нето вредност.

- Advertisement -

(Bankar.me)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -