Геолозите открија супервулкан на Алјаска кој може да предизвика глобална катастрофа

- Advertisement -

Нешто лошо се крие под површината на водите на Алеутските Острови на Алјаска. Тоа го откри истражувањето на научници од Институтот за науки Карнеги од Вашингтон. Научниците ја анализирале сеизмичката активност, локалната геологија и структура, термалната емисија и емисијата на гасови од планината Килвленд и пет вулкани со слична големина во тој регион.

Првите обработени податоци укажуваат на потенцијално присуство на огромни калдери и рушевини во Земјината кора, кои паѓаат сво испразнетата комора на магма, која се наоѓа над шест стратовулкани: Карлајл, Кливленд, Херберт, Кагамил, Тана и Улага.

- Advertisement -

Таквото рушење може да предизвика ефекти на притисок како капакот на тенџерето, па како што се полни комората со магма, значително се намалува вкупниот волумен на комората.Геолозите исто така сметаат дека положбата на наведените шест вулкански планини исто така може да укажува на постоење на споменатите калдери.

Ако истражувањата направени во рамките на студијата дополнително се потврдат, тоа значи дека Алјаска крие вулканска темпирана бомба, која е слична на супервулканот Јелоустоун во Вајоминг. Алјаските Алетурски Острови кријат отприлика 80 вулкани од различни големини. Десетици од тие вулкани веќе еруптирале во поново време, вклучувајќи го и Кливленд, кој еруптирал 20 пати во последните 200 години.

- Advertisement -

(RT)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -