Младиот јужнокорејски дизајнер Џеабјун Јеон смисли многу интересен концепт кој треба да ни овозможи да бидеме под вода колку време сакаме, без ограничување на кислородот што го има во боците за нуркање.
Системот кој го создал тој, а го нарекол Triton, се базира на технолошки решенија кои веќе се тестираат во научни лаборатории, а концептот би требало да ги поттикне научниците сериозно да се посветат на развој на технологии кои би ни овозможиле еден ден да се вратиме во водата од која сме излегле пред милиони години поради механизмите на еволуцијата.
Triton е замислен како респиратор за дишење, кој функционира на тој начин пто водата се вшмукува во вештачки шкрги, односно систем за филтрирање, кој има порозен материјал со дучиња кои се доволно големи за да го пропуштаат кислородот, но не и молекулите на водата.
Кислородот потоа со помош на микрокомпресори се носи во посебен резервоар, од кој се дише. Системот работи со микробатерија со нова технологија, која ќе биде 30 пати помала во однос на постоечките и ќе може да се полни 1.000 пати побрзо. Со други зборови, нашиот престој под вода ќе биде играничен исклучиво на траењето на батеријата потрбена за стартување на микрокомпресорите.
Јеон нагласува дека сите поединечни елеенти потребни за функционирање на овој систем веќе ги развиваат научници од корејски организации, компании и училишта, па верува дека ова би било одличен поттик да се здружат и да произведат нешто што целосно ќе го смени односот на човекот со водата.
(Vidi.hr)