Кина планира да го изгради најголемиот азиски оптички телескоп

- Advertisement -

Универзитетот во Пекинг претстави амбициозен план за изградба на најголемиот азиски оптички телескоп. Новиот телескоп ќе има отвор на блендата од 6 метри до 2024 година, додека неговото огледало ќе биде проширено на 8 метри до 2030 година. Проектот наречен Expanding Aperture Segmented Telescope (EAST) значително ќе ги зголеми можностите на Кина за набљудување на оптичката астрономија.

Ако се оди според планот, новиот телескоп ќе биде првиот оптички телескоп од светска класа на источната хемисфера, кој ќе може да им парира на телескопите од западната хемисфера како што се Мауна Кеа на Хаваи, Атака во Чиле и телескопот на Канарските Острови.

- Advertisement -

EAST ќе се гради на планината Саишенг во близина на градот Ленгу во провинцијата Чингхаи на висина од 4.200 метри, а ќе се состои од 18 хексагонални сегменти на огледала, нешто слично како во случајот со вселенскиот телескоп James Webb на НАСА. Пречникот на огледалото ќе биде 6 метри.

Втората фаза од проектот ќе опфаќа додавање прстени од уште 18 хексагонални сегменти околу огледалата, така што пречникот ќе изнесува над 8 метри до 2030 година.

- Advertisement -

Се проценува дека проектот ќе чини од 69 до 84 милиони долари.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -