Истражувачи од универзитетот ETH во Цирих развија лесни, побезбедни вештачки мускули кои се многу подобри од сите прехтодни верзии. Овие напредни двигатели имаат уникатна структура и се направени од високопропустлив фероелектричен материјал, што значи дека складираат многу електрична енергија.
Работат на многу ниска волтажа и затоа новиот дизајн овозможува поголема безбедност, трајност и водоотпорност .Тимот од Цирих тврди дека оваа нивна иновација е чекор напред кон создавање побезбедни и разновидни мускули кои означуваат сосема нова ера во роботиката и простетиката.
Мускулите се викаат HALVE и се резултат на соработката на повеќе истражувачи од ETH, предводени од професорот Роберт Кацшман. Студијата за оваа нивна иновација е објавена во весникот Science Advances.
Претходните верзии на вакви мускули претходно користеле всока волтажа од 6.000 до 10.000 волти. Поради тоа не можеа да се користат во вода и предизвикуваа потенцијален ризик по безбедноста на луѓето.
Истражувачите од ETH ги претставија нивните мускули HALVE преку два прототипови на роботи. Првиот е еден вид на држач, со два пести и димензија од 11 см. Во него има шест серии на мускули HALVE и батерија 900 волти, која тежи само 15 грама. Целиот држач тежи само 45 грама.
Вториот прототип е пливач сличен на риба, долг речиси 30 см. Автономниот пливач може да забрзува од 0 до 3 см во секунда за само 14 секунди.
Им претстојат многу предизвици додека овој нивни призвод да се најде во продажба. моментално работат на подгтовка на технологијата за скалирање.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixexid)