НАСА објави детални фотографии од 19 спирални галаксии

- Advertisement -

НАСА објави детални фотографии од 19 спирални галаксии, кои би можеле да го прошират нашето знаење за еволуцијата на ѕвездите. Фотографиите ги направи телескопот James Webb, а ги анализираат научници од Универзитетот Оксфорд, пренеусва BBC.

Телескопот, кој беше лансиран пред две години, е опремен со инструменти кои овозможуваат да се детектираат постари и пооддалечени објекти од оние кои можел да ги сними телескопот Hubble.

- Advertisement -

Камерите на телескопот James Webb го снимаат универзумот примарно со инфрацрвени камери така што ја регистрираат светлината невидлива за човвечкото око.

„Извонредните фотографии на астрономие и на астрофизичарите ширум светот ќе им дадат нови елементи во сложувалката на универзумот и галаксиите“ велат од Универзитот Оксфорд.

- Advertisement -

Томас Вилијамс, истражувач на Катедрата за физика при универзитетот, го предводи проектот за обработка на податоците од најновите фотографии.

„Количината детали на овие фотографии е огромна и тоа е добро. Тоа значи дека можеби ќе најдеме нешто за да ги пополниме празнините во знаењето за структурата и еволуцијата на галаксиите, формирањето на ѕвездите, нивниот животен циклус итн.“ вели Вилијамс.

- Advertisement -

(021)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -