Кина го лансираше првиот 6G сателит

- Advertisement -

China Mobile, најголемиот светски телеком оператор по бројот на мобилни корисници, успешно го лансираше првиот сателит за тестирање на 6G мрежата. Сателитот е поставен во ниската орбита на Земјата и се наоѓа на висина од 500 километри со цек да овозможи побрз пренос на податоци од сателитите кои патуваат на поголеми висини и до 36.000 км.

Сателитот ќе ја тестира 6G мрежата, а беше испратен во вселената на 3 февруари. Ќе користи домашен хардвер и софтвер, кој поддржува реконструкција на софтверот во орбитата, флексибилна имплементација на основните мрежни финкции и автоматизирано упревување.

- Advertisement -

Позиционирајќи се како клучна платформа за идните интегрирани вселенски и земјини мрежи, сателитите во земјината орбита може да се позанимаваат со недоволната покриеност со сигнал во мобилните мрежи, глобално овозможувајќи услуги на сателитски интернет со поголем пропусен опсег.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -