Австралиски научници тврдат дека направиле револуционерно достигнување во борбата со најсмртоносниот и најагресивниот рак на дојка. За разлика од традиционална хемотерапија, новиот лек CDDD11-8, кој се зема орално, селективно ги таргетира канцерогените клетки во ткивото на дојките, а здравите клетки ги остава неоштетени. Овој пристап функционира и на метастатски лезии отпорни на стандардната хемотерапија.
Најсмртоносниот рак на дојка, кој сочинува до 15% од сите случаи на рак на дојка, е огромен предизвик поради тоа што брзо расте, особено кај младите пациенти. Моменталните можности за лекува вклучуваат агресивна хемотерапија или најсовремена имунотерапија, со високи стапки на враќање на ракот во период од пет години.
Експертот за рак на дојка Тереза Хаки од Универзитетот Аделаида била лидер на студијата за CDDD11-8, кој првично бил дизајниран за акутна миелоична леукемија, Овој лек би можел да биле клучно решение за зголемување на стапката на преживување, вели Хаки. Студијата за ова откритие е објавена во списанието Oncogene.
Лекот го инхибира CDK9, односно клучниот пат за раст на акутната миелоична леукемија. Имено, ниту еден лек одобрен од американската Агенција за храна и лекови не го таргетира CDK9, поради што CDDD11-8 е потенцијално револуционерен лек. Во 2022 година лекот имал успех во инхибицијата на CDK9 во животински модели на леукемија,што на крајот довело до поголема стапка на преживување.
Но, CDDD11-8 исто така има голем потенцијал и за лекување на трикратно негативниот карцином на дојка. Со селективна инхибиција на CDK9, лекот спречува транскрипција, односно процесот кој го покренува побрзиот раст на ракот. Почетните експерименти на модели на клеточни линии покажаа намален раст нa ракот со позитивни исходи на модели на живи глувци. .
Австралискиот тим се надева на клинички испитувања на луѓе во наредните пет години.
(Science Alert)
(фото: Wikimedia)