Sprite тестира шишиња без етикета

- Advertisement -

Компанијата Coca-Cola започна еколошки тест на пазарот во Велика Британија, така што привремено ќе ги отстрани етикетите од шишињата на пијалакот Sprite. Се работи за дел од пробната иницијатива чија цел е да го поедностави рециклирањето и да ја намали количината на материјал што се користи за пакување.

Новите амбалажи од 500 милилитри ќе го вклучуваат логото на брендот, изведено во релјеф на предната страна од пластичните шишиња. На задната страна пак, ласерски ќе бидат гравирани информациите за нутритивните вредности и декларација на пијалакот.

- Advertisement -

Иницијативата ги опфаќа класичната верзија и безшеќерната верзија на пијалакот, Sprite и Sprite Zero, кои што ќе можат да се распознаваат според бојата на капачето – зелена за класичната верзија, транспарентно капаче за безшеќерната верзија.

Новите шишиња ќе се продаваат во избрани маркети на Tesco во градовите Лондон, Манчестер, Брајтон и Бристол, од јануари до март 2024 година.

Сподели!
- Advertisement -