Нова студија: Ако гледате во телефон додека одите, му наштетувате на здравјето

- Advertisement -

Неодамнешно истражување покажа дека 1/4 од луѓето кои преминуваат крстосници во рацете носат мобилен телефон.

„Мислам дека луѓето не се свесни колку се расеани и колку нивнта свест за некоја ситуација се менува кога одат и користат телефон“ вели Вејн Гианг, доџент по инженеринг на Универзитетот Флорида, кој ја испитал врската меѓу употребата на телефоните и повредите при одење.

- Advertisement -

Паметните телефони може да предизвикаат она што некои научници го нареквуаат „слепило“. Едно истражување покажа дека има 50% помала веројатност пешаците да забележат кловн на моноцикл додека одеат и разговараат на телефон.

Но, телефонот во рака не го одзема вниманието само на пешаците. Исто така, го менува нивното расположение, држењето на телото и им пречи да стигнат од точка А до точка Б без да наидат на неволја.

- Advertisement -

Според Гианг, кога одиме и истовремено користиме телефон, рефлексивно го прилагодуваме начинот на кој се движиме. Видеата од пешаци покажуваат дека луѓето кои држат телефон во рака одат околу 10% побавно во однос на другите.

„Гледате бројни проблеми во од кои го одразуваат забавувањето“ вели Патрик Кроули, менаџер на проектот на Техничкиот универзитет во Данска, кој ја проучувал механиката на одење додека се користи телефон.

- Advertisement -

„Кога користат телефон, луѓето прават пократки чекори и подолго време стојат на двете нозе“ вели тој.

Овие промени може да го отежнат движењето на тротоар. Ако одењето е голем дел од вашата секојдневна физичка активност, шетањето со телефон во рака може да има последици по вашата кондиција, велиЕлрој Агијар, доцент по науки за вежбање на Универзитетот Алабама.

Гледањето надолу во паметниот телефон додека одите, за разлика од исправеното одење, може да го зголеми оптоварувањето на мускулите на вратот и на горниот дел од грбот. Истражувањата во списанието Gait & Posture покажуваат дека сето тоа може да ја намали рамнотежата и да го зголеми ризикот од сопнување и паѓање.

Постојат и докази дека одењето додека користите телефон може да влијае на стресот. Еден експеримент открил дека колку повеќе луѓето користат телефон додека одат на лента за трчање, толку повеќе се зголемува хормонот на стресот, односно кортизолот.

Студија од 2023 година ги испитувала психолошките ефекти на одењето на отворено додека гледате во телефон. Генерално, кога луѓето одат на прошетка, потоа се чувствуваат подобро, но тоа било забележано во групата која шетала без телефон. Во групите кои оделе со телефон во рака овие ефекти биле обратни, вели Елизабет Броадбент, една од авторките на студијата и професорка по психологија на Универзитетот Оукленд на Нов Зеланд.

Елизабет и нејзините колеги ги припишуваат тие ефекти на недостигот на контакт на корисникот на телефонот и околината.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -