Четвроица членови на роботски тим од школата Диоцен во Хонгконг го направија најмалиот хуманоиден робот во светот. Станува збор за робот висок само 141 мм, што значи дека е помал од стандардно пенкало за 11,2 мм, а со тоа е соборен рекордот кој го постави Заин Ахмад Куреши од Пакистан во 2022 година.
Нивниот хуканоиден робот е официјално признат како Гинисов рекорд.
Учениците сакале нивниот робот да има голем распон на движење, што подразбира движење на рамената, лактите, колената и колковите, додека истовремено совладува и движење со двете нозе. Тие користеле CAD за да направат нацрт на роботот, а после финализирањето на техничките спецификации и потребните компоненти, се базирале на експертизата на фабриката која ги проивела серво моторите прилагодени на нивните барања.
Тие мотори играат клучна улога во финкционалноста на роботот, олеснувајќи ја прецизната ротација и движењето и на роботот му даваат снага да ги движи нозете.
Учениците направиле акрилни панели за роботи и користеле 3Д принтер за производство на компонентите во лабораторија за роботика во својата школа. Оваа комбинација на врвна технологија и иновативен дизајн кулминирала со создавање на навистина исклучително роботско чудо.
(Bizlife)
(фото: YouTube)