Во оваа земја е најскапо да се одгледуваат деца

- Advertisement -

Кина е едно од наскапите места за одгледување деца ако се гледа нејзиниот БДП по жител, соопшти вчера кинескиот истражувачки центар. Трошоците за одгледување дете до 18 години во однос на БДП по жител се високи околу 6,3 пати во Кина, во споредба со 2,08 пати во Австралија, 2,24 пати во Франција, 4,11 пати во САД и 4,26 пати во Јапонија, се вели во извештајот на YuWa Институтот за истражување на населението, со седиште во Пекинг.

Одгледувањето деца, исто така, доведува до намалување на платеното работно време на жените и стапката на платите, додека средствата за живот за мажите остануваат главно непроменети.

- Advertisement -

„Бидејќи моменталната општествена средина во Кина не е наклонета на плодноста на жените, временските и опортунитетните трошоци за жените кои сакаат да имаат деца се премногу високи“ се вели во извештајот, чиј коавтор е Лианг Џианжанг, основач на страницата за патување Ctrip, а исто така и основач на Институтот YuWa.

Поради причини како што се високата цена за раѓање и проблемите во наоѓањето баланс меѓу работата и семејството, просечната спремност на Кинезите да имаат деца е скоро најниска во светот.

- Advertisement -

Овој извештај доаѓа откако кинеската популација втора година по ред опаѓа, при што бројот на новородени деца во 2023 година е речиси половина од бројот во 2016 година. Се поголем број на жени се одлучуваат да не раѓаат деца поради високите трошоци за грижа за децата и неподготвеноста да се омажат и да го одложат градењето сопствена кариера, додека родовата дискриминација и понатаму е распространета.

Жените се соочуваат со намалување од 2.106 работни саати кога се грижат за деца на возраст од 0 до 4 години и се соочуваат со просечна загуба на плата од 8.700 долари во тој период, се вели во извештајот, ако се пресметува дека цената за еден час е 4 долари.

- Advertisement -

Раѓањето деца, исто така, доведува до намалување на платите на жените за 12%-17%, се вели во извештајот. Слободното време ќе биде скратено за 12,6 часа за мајките со едно дете на возраст од 0 до 6 години и за 14 часа за мајките на две деца.

(Bizlife)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -