Објавени се податоците за десетте најпродавани телефони во светот за 2023 година. телефоните на Apple секоја година доминираат на листата со најпродавани паметни телефони во светот и ниту минатата година ситуацијата не била ништо поинаква. 2023 година била исклучително успешна за Apple затоа што компанијата по прв пат го зазеде првото место на глобалниот пазар за паметни телефони и го престигна дури и Samsung.
За степенот на доминација на iPhone на пазарот најдобро зборуваат податоците на аналитичката компанија Counterpoint Research. Не само што меѓу топ 10 најпродавани телефони во светот Apple зазема дуро седум места, туку и различни модели на iPhone ги зазеле првите седум места на топ 10 листата. Останатите три места на листата ги заземаат модели на Samsung Galaxy.
Според тие податоци, најпродаван паметен теледон во светотѕ во 2023 година бил iPhone 14, кој на глобално ниво има нешто помалку од 4% удел. На второ и трето место се Pro верзиите на iPhone 14 – Pro Max е на второ место со удел од 2,8%, а Pro на трето место со удел од 2,4%. После нив следува еден постар модел, iPhone 13, со 2,2% уде.
Трите места од петто до седмо ги зазема последната генерација на iPhone, кои лани се продаваа само 3 и пол месеци пред крајот на годината. Моделот iPhone 15 Pro Max е на метто место со 1,7% удел, iPhone 15 Pro на шесто со 1,4% удел, а ист удел има и iPhone 15, кој е на седмо место.
На осмо место со удел од исто така 1,4% е Samsung Galaxy A14 5G. Потоа следува Galaxy A04e и на десетто место е уште една верзија на Galaxy A14 – моделот 4G.
Уште еден интересен факт за најпродаваните телефони лани е дека уделот на топ 10 најпродаваните телефони во светот бил 20% од вкупниот број продадени телефони, што е рекордна бројка досега.
Иако од Counterpoint очекуваа на оваа листа со најпродавани телефони и понатаму да доминираат овие две компании, велат дека постои можност на листата во 2024 година да се појави и некоја кинеска компанија.
(Digital Trends)
(фото: YouTube)