Генералниот директор на Teslа и Space X, Илон Маск, на својата социјална мрежа X објави дека наскоро ќе лансира нов производ наречен XMail, кој ќе биде алтернатива за глобално користениот Gmail.
„Пристигнува“, одговори Маск на прашањето дали планира да ја покрене услугата XMail, но не откри детали за тоа кога ќе стане достапна за јавноста.
Неговиот коментар е одговор на прашање на член на програмата за езбедносен инженеринг на X, Нејт Мекгрејди, кој праша „Кога ќе го правиме XMail?“
Маск го презеде X, односно поранешен Twitter, во 2022 година и воведе бројни промени на таа социјална мрежа.
Според податоците на Forbеs, Gmail моментално има над 1,8 милијарди активни корисници ширум светот, што е околу 30% од глобалниот пазарне удел за клиенти со електронска пошта.
(N1)
(фото: Gmail)