Во Европската унија минатата година 55% од граѓаните стари од 16 до 74 години имале основни дигитални вештини, а на листата со земји на прво место е Холандија, каде што тој процент изнесува дури 83%, објави Евростат.
Голем процент на дигитално описменети граѓани има и во Финска – 93%, во Данска – 70% и во Чешка – 69%, додека на другата страна на листата се наоѓа Романија, со само 28% дигитално писменети граѓани.
На оваа статистика значително влијае и образованието на анкетираните граѓани, затоа што основни дигитални вештини имаат 80% од луѓето со високо образование, но само 34% од луѓето со основно образование или воопшто немаат формално образование.
Друг битен фактор е возраста, затоа што луѓето на возраст од 65 до 74 години имаат значително послаби дигитални вештини отколку тие на возраст од 25 до 34 години. Оваа статистика важи како за мажите, така и за жените.
Процентот на постари мажи со основни дигитални вештини е 34%, а процентот на тие на возраст од 25 до 34 години е 69%. Оваа разлика е уште поизразена кај жените – само 25% од постарите Европејки имаат основни дигитални вештини, а 71% од жените на возраст од 25 до 34 години се дигитално писмени.
Жените предничат во однос на мажите по знаењето на основните дигитални вештини во сите возрасни групи до 45 години, а потоа статистиката се менува во корист на мажите.
Севкупните дигитални вештини се однесуваат на пет области: информатичка писменост, вештини на комуникација и соработка, вештини на креирање дигитални содржини, вештини на безбедност и вештини на решавање проблеми.
За да имаат барем основни дигитални вештини луѓето мора да знаат како да направат баре една активност која се однесува на секоја област.
Целта на ЕУ е до 2030 година барем 80% од граѓаните во неа да имаат основни дигитални вештини.
(021)
(фото: Free Range Stock)