Најавен Barbie телефон кој нема да личи ни на Android, ни на iPhone

- Advertisement -

Компанијата HMD (Human Mobile Devices) потпиша договор за партнерство со компанијата производител на најпознатата кукла во светот, Barbie, за развој на посебен телефон базиран токму на оваа кукла.

Минатата година ја одбележаа два филма. Едниот беше приказната за таткото на атомската бомба, Опенхајмер, а другиот беше Barbie, после кој светот повторно полуде по оваа кукла. Иако оттогаш помина повеќе од половина година, изгледа дека манијата за куклата уште трае, а доказ а тоа е и овој договор со HMD.

- Advertisement -

Новиот телефон е најавено да биде претставен на светскиот мобилен конгрес во Барселона, кој моментално се одржува таму. Уредот го најави токму HMD, која е најпозната по производството на телефони на Nokiа.

HMD уште нема објавено фотографии од телефонот, ниту е позната цената, но она што е познато е дека Barbie телефонот ќе биде на преклоп и ќе ја има препознатливата розова боја и ќе биде светкав.

- Advertisement -

Ако помисливте да го купите телефонот, ќе се разочарате затоа што ова не е класичен смартфон, туку т.н. feature телефон, односно не работи на оперативен систем, ниту има напредни опции. Во главен фокус не е ни поврзаноста на интернет, а нема ниту екран осетлив на допир, туку старомодни копчиња.

Таквите телефони беа популарни на почетокот на овој век и токму затоа HMD го рекламира како телефон кој носи стил, носталгија и дигитална детоксикација.

- Advertisement -

Бидејќи HMD не е глобално препознатлив бренд, веруваат дека партнерството со Mattel ќе им помогне да ги препознаат голем број луѓе ширум светот. Како ќе изгледа телефонот ќе дознаеме наскоро, а ќе се најде во продажба во текот на претстојното лето.

(CNET)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -