Вечерва се одржува долгоочекуваната конференција на Apple

- Advertisement -

Познавачите на Apple велат дека компанијата за годинава подготвува најголем број хардверски новитети досега, а што подготвиле за првиот бран од тие новитети ќе дознаеме денес.

Имено, за 19 часот вечерва е закажана нивната виртуелна конференција, на која ќе ги претстават новите уреди и освен ако нема некои изненадувања, веќе е познато што може да се очекува.

- Advertisement -

Според аналитичарите, главната ѕвезда на вечерта треба да биде новиот модел на iPhone. Додека своите најголеми адути на пазарот за паметни телефони Apple ги чува за септември, денес можеме да очекуваме да биде претставена третата генерација од моделот SE. Станува збор за поевтин модел на iPhone со застарен дизајн, но и најнова генерација процесор, како и одлична камера. Телефонот можеби ќе има и поддршка за 5G мрежи. Цената која ја прогнозираат аналитичарите е околу 300 долари.

Следнит новитет кој можеме да го очекуваме е новата генерација на iPada Air, кој ќе го задржи дизајнот на претходникот, но ќе ја има најновата генерација чипсет A15 и поддршка за 5G.

- Advertisement -

Се очекуваат и нови модели на Mac, најверојатно Mac mini, но можеби и 13-инчни MacBook Pro, MacBook Air и iMac и сите модели треба да работат на новата генерација чипсет M2.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Apple)

Сподели!
- Advertisement -