Y хромозомот исчезнува – може да доведе до изумирање на луѓето

- Advertisement -

Модерниот начин на живот и промените во околината влијаат на луѓето и на нивното здравје. Но, научниците дојдоа до загрижувачко откритие кое би можело да доведе до изумирање на луѓето во иднина. Имено, утврдиле дека човечкиот хромозом Y, кој е одговорен за создавање на мажите, дегенерира и може да исчезне за неколку милиони години.

Но, не се луѓето единствени кај кои исчезнува хромозомот Y. И два вида на глодари веќе го изгубиле хромозомот Y и изчезнале. Токму студијата спроведена на тие глодари, објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Science, покажала што се случило со глодарите и како еволуирале.

- Advertisement -

Како што појаснуваат научниците, кај цицачите, па и кај луѓето, жените имаат два X хромозоми, а мажите имаат хромозоми X и Y. И додека X хромозомот содржи околу 900 гени одговорни за создавање нови луѓе, Y содржи само 55 гени и многу ДНК која нема врска со создавањето на нов организам. Но, во Y хромозомот има ген кој е одговорен за создавање маѓки ембриони. Тој ген се активира околу 12 недели после зачнувањето и го поттикнува развојот на тестисите, кои се одговорни за развојот на ембрионот на идните момчиња.

Научниците велат дека тој сооднос меѓу X и Y хромозомите е различен кај различни животни, кај кои парот XY е обичен хромозом, што може да сугерира дека и други цицачи имале такви хромозоми пред неколку милиони години. Затоа, тие проценуваат дека Y хромозомот ги губи активните гени во текот на еволуцијата. Со тоа темпо последните 55 гени во Y хромозомот може да исчезнат за 11 милиони години.

- Advertisement -

Но, тоа не мора да значи и дека машкиот пол ќе исчезне. Глодарите кои ги проучувале научниците успеале да преживеат и без Y хромозоми. Тие сега имаат само X хромозоми, во еднократна и двократна функција кај двата пола.

Иако научниците уште не знаат како тие глодари го одредуваат полот без SRY генот, откриле дека најголем дел од гените од Y хромозомот се преселиле на други хромозоми. Откриле и дека мала разлика во близина на клучниот ген за полот SOX9 кај бодликавиот стаорец била карактеристична само за мажјаците кај таа врста.

- Advertisement -

Тоа откритие сугерира дека таа мала разлика би можела да биде доволна за да ги диференцира машките и женските припадници на таа врста.

Тоа ги поттикнало научниците да размислуваат што би се случило ако хромозомот Y исчезне кај луѓето. Од една страна, тоа би можело да предизвика изумирање на луѓето, а од друга, постои можност луѓето да развијат нов ген кој го одредува полот.

Сепак, научниците предупредуваат дека развивањето нови гени има свои ризици затоа што ако луѓето од различни делови во светот се развиваат различно, како што е случај со животните, што ќе се случи со човештвото?

(The Conversation)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -