Знаете ли зошто денес е 29 февруари и како тој датум се повторува на 4 години?

- Advertisement -

29 февруари се повторува на секои четири години. Зошто? Постојат многу добри причини за тоа.

Имено, на Земјата и требаат отприлика 365,25 дена (поточно, 365 дена, 5 часа , 48 минути и 46 секунди) за да го обиколи Сонцето и така да заврши една соларна година. Но, тоа не можеме да го запишеме во календар. Затоа, договорено е секоја четврта година тој дополнителен ден кој Земјата го прави околу Сонцето да се запише во календарот.

- Advertisement -

Дополнителниот ден означува и престапна година, односно година која наместо 365, има 366 дена. Иако можеби тоа ви изгледа бесмислено, има добра причина за тоа. Имено, така ја следиме соларната година. Ако луѓето не ја следат соларната година, со тек на време би се случило да се разидат календарската и соларната година. Па, наместо на море, празниците во јули и август би ги поминале на скијање, а Новата година би ја славеле напролет.

За да не дојде до тоа, имаме престапна година.

- Advertisement -

Но, интересно е тоа што Земјата не е единствената планета што има престапна година, Марс, на пример, има повеќе престапни години отколку прави. Годината на Марс трае 668 солови, односно денови, но на Марс му се потребни 668,6 солови за да го обиколи Сонцето. Така, во период од десет години Марс има 4 години со 668 денови и 6 со 669 денови.

Постои уште една причина зошто имаме престапна година. Уште околу 46 година пред нашата ера во Римското царство на Јулиј Цезар бил воведен календарски систем познат како јулијански календар. Тој календар од самиот почеток имал грешка. Имено, бил нешто подолг од соларниот календар. Тоа довело до натрупување на грешки низ годините, па до 1582 година се насобрале 12,7 дена вишок.

- Advertisement -

Тука стапува на сцена папата Грегур XIII, кој во 1582 година го реформирал календарот и одредил сите години делливи со 4 да бидат престапни, освен годините на вековите кои мора да бидат делливи со 400 за да бидат престапни.

Таканаречениот грегоријански календар влегол во употреба во римокатоличките земји во октомври 1582 година, кода календарот бил усогласен со годишните времиња и биле отстранети 10 дена од календарот кои се насобрале со календарот на Јулиј Цезар. За да влезе во употрба новиот календар, било одлучено дека таа година после четврток 4 октомври да следува петок 15 октомври.

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -